Алтона Маџик Вардар забележа исклучително важна гостинска победа во 18. коло од Националната премиер лига на Викторија, совладувајќи го Бентли со 1:0 на теренот „Кингстон Хит“.
Трите бода имаат големо значење за Алтона Маџик Вардар, бидејќи беа освоени против директен конкурент во борбата за опстанок. Двете екипи пред натпреварот имаа ист број бодови, па успехот на “магичните” дополнително ја подобрува нивната позиција на табелата.
Моментот на одлука се случи во 17. минута, кога Оливер Келарт ја затресе мрежата на домаќините. Тој погодок се покажа како доволен Алтона Маџик Вардар да стигне до голема и заслужена победа, со која се враќа дома со целосен плен.
Во следното, 19. коло, Алтона Маџик Вардар ќе биде домаќин на екипата на Мелбурн Сити до 21 година. Натпреварот е закажан за сабота, 4 јули, со почеток во 15:15 часот.