На гостувањето минатата сабота Алтона Маџик Вардар заслужено освои еден бод и може да жали што не забележа победа. Домаќинот во првото полувреме имаше повеќе од играта но и Алтона Маџик на моменти успеваше да изненади. Така после 45 минути игра се замина на одмор без голови.
Во второто полувреме иницијативата ја презедоа “магичните” и во 60 минута тоа даде плод кога во еден брз продор Лич успеа да ја прати топката во казнениот простор до Џонас Марковски од каде тој шутираше прецизно за 0:1. Ова беше и неговиот трет гол оваа сезона.
Алтона Маџик продолжи да напаѓа и вистински баксуз беше кога при еден ненадеен продор на Бернар Елибол беше соборен во шеснаесетникот од Воерндл. Судијата веднаш досуди пенал, а сигурен егзекутор беше Теодор Копулос за 1:1. Така гостите во вториот дел без забележителна игра и вистинска шанса изедначија.
Во сабота, на 18 март, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Грин Гали со почеток во 18:15 часот.
Табела
Саут Мелбурн 12
Окли Канонс 10
Авондаел 10
Сент Албанс 6
Грин Гали 6
Порт Мелбурн 5
Мореланд Сити 5
Алтона Маџик Вардар 5
Данденонг 4
Хјум Сити 3
Норт Џелонг 3
Мелбурн Најтс 2
Хајделберг Јунајтед 1
Бентли Грин 0