Национална Премиер лига на Викторија – 19. коло, Авондејл – Престон Македонија 2:3

Во натпревар исполнет со темпо и пресврти, Престон Македонија дојде до голема победа на гостински терен, совладувајќи го Авондејл со 3:2.

Првото полувреме помина во брза игра од двете страни, но мрежите мируваа, па на пауза се замина со 0:0.

Домаќинот прв стигна до водство во вториот дел, кога во 60. минута Јитаи Таунс погоди за 1:0. Радоста на Авондејл траеше кратко – само четири минути подоцна,ж Нахуел Бонада израмни на 1:1 и го врати Престон во игра.

Во 86. минута Патрик Вал повторно донесе предност за домашниот тим (2:1), но Престон Македонија не се предаде.

Во финишот следеше вистинска драма – Џеј Романовски во 96. минута израмни на 2:2, а само една минута подоцна Наоки Сутo постигна победнички гол за конечни 3:2 и големо славје за “лавовите”.

Фудбалерите на Престон Македонија одиграа натпревар полн со карактер, верба и борбеност, одбивајќи да се предадат до последниот свиреж. Честитка и до навивачите кои допатуваа и дадоа силна поддршка од трибините во текот на целиот натпревар.

Следниот предизвик за Престон Македонија е во петок, 10 јули, кога на домашен терен ја пречекува екипата на Хјум Сити со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА
Окли 41
Хјум Сити 40
Авондејл 34
Хајделберг 31
Мелбурн Сити 29
Престон Македонија 29
Џорџ Крос 26
Саут Мелбурн 25
Данденонг Сити 22
Сент Албанс 22
Алтона Маџик Вардар 19
Бентли 16
Данденонг Тандер 12
Грин Гали 4

Останати вести