Национална премиер лига на Викторија, 7 коло, Порт Мелбурн Шаркс – Алтона Маџик Вардар 1:0

Натпревар кој многу лесно можеше да биде со друг резултат доколку само некоја од многуте шанси Алтона Маџик Вардар успееше да искористи. Се играше борбено и двете екипи имаа свои моменти, но во првото полувреме се замина на одмор без голови.

Во второто полувреме, по доминација на Алтона Маџик и неколку возбудувања пред голот на домаќинот, се случи изненадување.

По изведениот корнер во 83 минута Кристофер Дагин скокна највисоко и успеа да ја смести топката во мрежата за 1:0 за Порт Мелбурн.

Со сите сили “магичните” започнаа да напаѓаат но немаше вистинска завршница бидејки домаќинот добро се чуваше. Во еден момент пред крајот Лиа направи катастрофална грешка при додавањето и топката беше пресретната, а по брзиот спринт се најде противнички играч сам до шеснаесетникот, за среќа Крис Олдфилд успеа да го одбрани ударот. Разочарувачки на крајот Алтона Маџик Вардар е поразена и не успеа да направи повеќе иако прикажа добра игра. Белиот дрес со кој беа остварени двете победи овојпат не донесе среќа.

Во сабота, на 9 април, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Данденонг Сити со почеток во 18 часот.

Останати вести