Уште во првото полувреме се навести дека Алтона Маџик Вардар ќе има тежок противник кој игра брз фудбал и со леснотија ја префрла топката од одбрана во напад. Во 35 минута Блек Карпентер после една слаба реакција на одбраната на Алтона Маџик, во која наместо да ја исфрлат далеку топката од казнетиот простор му ја додадоа на влезот на шеснаесетникот, и тој со силен удар ја смести во долниот лев агол за 1:0. Едвај поминаа пет минути а судијата досуди пенал од кој Лиам Боланд лесно го совлада Олдфилд за 2:0.
Со оваа предност домаќинот замина на одмор.
И во второто полувреме се играше на сончевото и топло време возбудлив фудбал. Сепак гостинот за нијанса беше подобар и во 84 минута црномурестиот Мани Агуек со брз продор се најде пред голот и зголеми на конечните 3:0.
Во завршницата својата фрустрација ја покажа Али кој мораше да фаулира за да го спречи опасниот контра напад поради што доби втор жолт на средбата и автоматски црвен картон со што го остави тимот со играч помалку.
Алтона Маџик: Олдфилд, Али, Кастило, Лиа, Стојчевски, Аидара, Семи, Хардинг, Алувалиа, Рахими и Ксидас.
Во понеделник, на 25 април, Алтона Маџик Вардар ја пречекува екипата на Саут Мелбурн со почеток во 18 часот.