Стирлинг Македонија играше два натпревари оваа седмица и забележа една победа и нерешен резултат. Против Вестерн Најтс минатава сабота славеше победа од 1:2, додека со сезонскиот првак играше нерешено 1:1.
Сезонски првак е Бејсвотер Сити кој со еден бод е пред второпласираната екипа на Олимпик Кингсвеј. Стирлинг Македонија е на петтото место и сезоната е завршена за нашиот претставник.
Само првите четири екипи ќе играат во финалното разигрување за шампионската титула на Национална премиер лига на Западна Австралија.
Последните две екипи Фриментел Сити и Флореат Атена испаѓаат од лигата.
ТАБЕЛА
Бејсвотер Сити 52
Олимпик Кингсвеј 51
Перт Глори 44
Перт Ред Стар 40
Стирлинг Македонија 35
Перт 30
Вестерн Најтс 26
Армадел 23
Соренто 22
Балката 20
Фриментл Сити 19
Флореат Атена 6