Минатата сабота се играше традиционалната средба за трофејот “Дилан Томбидес“, со кој му се оддава почит на поранешниот играч на Перт и Стирлинг Македонија, кој потоа продолжи да игра за Вест Хем во Англија пред да почине на возраст од 20 години по битката со рак на тестисите.
Фондацијата DT38 е основана во името на Дилан за да обезбеди свесност за ракот на тестисите преку едукација и можности за препознавање на болеста.
Ракот на тестисите ги афектира мажите претежно на возраст од 15-49 години и е втор најчест рак кај младите мажи во Австралија.
Капитените на двата тима ги водеа своите тимови во маички DT38. Аплауз од трибините се слушна после 38-минути игра за напаѓачот роден во Перт, што кореспондира со бројот на дресот на Дилан кој Вест Хем кој се пензионираше по неговата смрт. Дента присутните на трибината имаа можности да донираат за фондацијата.
За фудбалерите на Стирлинг ова беше извонреден ден бидејќи дури четири пати ја тресеа мрежата на домаќинот и заслужено ги однесоа трите бода со убедлива победа од 4:0.
Во сабота, на 13 мај, Стирлинг Македонија гостува кај Кокбурн Сити со почеток во 17 часот.
TАБЕЛА
Бејсвотер Сити 13
Перт Глори 13
Армадел 12
Стирлинг Македонија 12
Перт Ред Стар 10
Кокбурн Сити 10
Перт 10
Олимпик Кингсвеј 9
Флореат Атена 9
Балката 9
Инглвуд Јунајтед 8
Соренто 7