Национална премиер лига на НЈВ, 1 коло, Сент Џорџ Сити – Рокдаел Илинден 1:2

Започна долго очекуваната сезона на Националната премиер лига во НЈВ, а Рокдаел Илинден, нашиот претставник во елитното друштво веднаш укнижи три бода. На локалниот дерби-натпревар “комитите” со по еден гол во двете полувремиња стигнаа сигурно до победа. Во првото полувреме Чолакиан во 35 минута го отвори резултатот за 0:1.

Второто полувреме продолжи со доминација на Илинден и во 74 минута супер замената Сунмола заголеми на 0:2. Сент Џорџ Сити до крајот само успеа да го ублажи поразот преку Ортиз во 85 минута за конечните 1:2.

Рокдаел Илинден: Меарес, Грифитс, Спеназа, Сорџ, Кордиер, Данзо, Пелеканос, Констабл, Урошевски, Антониу и Чолакиан.

Во недела, на 25 февруари, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Маркони Сталионс со почеток во 15 часот.

Останати вести