Национална премиер лига на НЈВ, 11 коло, Маркони Сталионс – Рокдаел Илинден 3:1

Важен натпревар за зацврстување на лидерското место на табелата, за нашиот Илинден на гостувањето кај третопласираниот Маркони. За жал од самиот почеток гостите ја презедоа иницијативата и по 7 минути игра дојдоа до водство преку Џорџио Сперанза. Малку подоцна, во 14 минута, по една наивна грешка на голманот Брадашевиќ гостите зголемија на 2:0 со голот на Џордан Свибел.

Пред крај на првото полувреме Свибел повторно се запиша како стрелец за високи 3:0.

Во второто полувреме Рокдаел Илинден заигра подобро и во 69 минута после одличен продор на Чолакијан, кој направи слалом дриблање во казнениот простор,  ја додаде топката до Лоик Пујо кој шутираше прецизно за 3:1.

До крајот на средбата иако “комитите“ имаа повеќе посед на топката не успеаја да го променат резултатот.

Во недела, на 23 април, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Централ Кост Маринерс со почеток во 15 часот.

ТАБЕЛА

Рокдаел Илинден 24
АПИА Лејкард 22
Маркони Сталионс 22
Сиднеј Јунајтед 19
Сиднеј 19
Блектаун Сити 16
Сент Џорџ Сити 16
Сиднеј Олимпик 16
НЈВ Спирит 14
Сатерланд Шаркс 14
Манли Јунајтед 13
Волонгонг Вулвс 11
Маунт Друит Таун 8
Вестерн Сиднеј 7
Централ Кост М. 6
Нортбриџ Булс 4

Останати вести