Национална премиер лига на НЈВ, 12 коло, Рокдаел Илинден – Волонгонг Вулвс 3:1

„Комитите“ можат да бидат задоволни од сигурната победа за која најзаслужен е извонредниот голгетер Алек Урошевски. Тој на оваа средба направи хет-трик постигнувајки ги сите три голови во првото полувреме. Само што започна средбата   и во третата минута Урошевски донесе водство од 1:0. Гостите во 32 минута преку пенал израмнија на 1:1, а прецизен егзекутор на најстрогата казна беше Кристофер Мекстеј.

Следеше вистински шоу на Урошевски во 41 минута зголеми на 2:1. Пред да заврши првото полувреме во 45 минута повторно Урошевски ја затресе мрежата за 3:1.

Во второто полувреме Рокдаел Илинден остана со играч помалку кога Локлан Констабл доби втор жолт на средбата и автоматски црвен картон. До крајот со десет играчи на теренот Илинден го задржа водство и не дозволи никакво изненадување.

Во сабота, на 4 мај, Рокдаел Илинден гостува кај Сатерланд Шаркс со почеток во 16:30 часот.

ТАБЕЛА

Вестерн Сиднеј Вондерерс 30
Рокдаел Илинден 26
АПИА Леикард 25
Маркони 25
Сиднеј Јунајтед 23
Блектаун Сити 22
Волонгонг Вулвс 17
Сент Џорџ Сити 17
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ Саинтс 13
Манли Јунајтед 12
Хилс Брамбис 12
НЈВ Спирит 9
Сиднеј 8
Сатерланд Шаркс 8
Централ Кост Маринерс 7

Останати вести