Рокдаел Илинден го продолжи својот од кон челната позиција на Националната Премиер лига во Нов Јужен Велс, славејќи убедлива победа од 3:0 над локалните ривали Сатерленд Шаркс на натопениот со дожд терен на Сејмур Шо Парк минатава сабота. Стрелци на головите беа: Матју Кордиер во 28и 56, Брендан Чолакиан во 47 минута.
Сега Илинден се наоѓа на второто место со еден бод помалку од лидерот Вестерн Сиднеј и со право се смета за еден од најдобрите тимови во лигата.
Во недела, на 12 мај, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Сиднеј ФК со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Вестерн Сиднеј 30
Рокдаел Илинден 29
Маркони Сталионс 28
АПИА Леикард 25
Сиднеј Јунајтед 23
Блектаун Сити 22
Сент Џорџ Сити 20
Волонгонг Вулвс 17
Сиднеј Олимпик 16
Сент Џорџ 13
Манли Јунајтед 12
Хилс Јунајтед 12
НЈВ Спирит 9
Сиднеј 8
Сатерланд Шаркс 8
Централ Кост Маринерс 7