Тесна победа за Рокдаел Илинден што е остварена со десет играчи на теренот и на ова мора да е горд тренерот Пол Ди. Импресионира колку пожртвувано играше целиот тим за да се оствари овој резултат. Средбата беше доста изедначена во првиот дел но без голови. Кон крај на полувремето во една брза контра топката беше испратена во напад, и поради опасна игра со високо подигнатата копачка, голгетерот Алекс Урошевски во 38 минута доби втор жолт картон и автоматско исклучување. Со играч помалку Рокдаел добро се држеше и напаѓаше создавајќи шанси.
Решавачкиот момент дојде во 68 минута, кога од слободен удар Баи Антониу мајсторски ја протна топката под живиот ѕид и ја затресе мрежата за 0:1.
Во недела, на 25 јуни, Рокдаел Илинден ја пречекува екипата на Волонгонг Вулвс со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
АПИА Леикард 40
Маркони Сталионс 40
Рокдаел Илинден 38
Сиднеј 33
Сент Џорџ Сити 30
Белктаун Сити 28
Сиднеј Јунајтед 27
Сатерланд Шаркс 26
НЈВ Спирит 25
Волонгонг Вулвс 24
Централ Кост 23
Сиднеј Олимпик 22
Манли Јунајтед 21
Маунт Друит Таун 21
Вестерн Сиднеј 17
Нортбриџ 11