Национална премиер лига на НЈВ, 22 коло, Рокдаел Илинден – Хилс Јунајтед 5:0

Рокдаел Илинден продолжува со својата неверојатна сезона, далеку отскокнувајки од останатите екипи со убедлива победа од 5:0 над Хилс Јунајтед.

Резултатот го отвори Хантер Елиот во 15 минута за водство од 1:0. После тоа беше шоу на Алек Урошевски кој ја тресеше мрежата трипати во 19`, 32` и 54 минута. Додека конечниот резултат го постави Локлан Констабл во 74 минута за 5:0.

Помошниот тренер на Илинден, Ник Ставролакис, беше воодушевен од резултатот, бидејќи Рокдаел сега створи разлика од девет поени на врвот на табелата.

Добар беше и настапот на дебитантите Николас Сорас и Со Катаока. Се чувствува дека се вклопуваат навистина добро, особено Николас Сорас во нападот.

Во сабота, на 6 јули, Рокдаел Илинден гостува кај НЈВ Спирит со почеток во 17:30 часот.

ТАБЕЛА

Рокдаел Илинден 53
Маркони 44
АПИА Лејкард 43
Сиднеј Јунајтед 40
Блектаун Сити 38
Вестерн Сиднеј
Вондерерс 37
Волонгонг Вулвс 36
Сент Џорџ Сити 36
Сиднеј Олимпик 29
Манли Јунајтед 26
НЈВ Спирит 24
Сент Џорџ Саинтс 22
Сатерланд Шаркс 18
Хилс Јунајтед 18
Сиднеј 18
Централ Кост
Маринерс 15

Останати вести