Продолжува падот на формата во тимот и “комитите” изгледаат како да заборавија да победуваат. Од изминатите четири средби забележани се два порази и две нерешени игри, а последен пат Рокдаел Илинден забележа победа на шести јули на гостувањето против Блектаун Сити. Тоа е и причината што од првото место полека Рокдаел падна на четврто место.
Пред домашната публика минатава сабота се играше со досаден резултат без голови, и единствено позитивно нешто е што е освоен барем еден бод.
Во недела, на 10 август, Рокдаел Илинден гостува кај Централ Кост Маринерс со почеток во 15 часот.
TАБЕЛА
НЈВ Спирит 58
АПИА Леикард 55
Маркони Сталионс 52
Рокдаел Илинден 51
Блектаун Сити 43
Сиднеј Олимпик 36
Волонгонг Вулвс 36
Сиднеј Јунајтед 36
Сент Џорџ Сити 35
Сент Џорџ Саинтс 33
Сиднеј 32
Манли Јунајтед 30
Сатерланд 20
В.С. Вондерерс 18
Централ Кост М 18
Маунт Друит Таун 18