Национална премиер лига на северен НЈВ, 10 коло, Валентин – Бродмедоу Маџик 2:4

Сигурна победа за Бродмедоу во гости со по два гола во двете полувремиња, и во ниту еден момент триумфот не беше доведен во прашање. Како стрелци се запишаа Џејмс Креснар (во 33и 60 минута) и Ник Качев (42` минута), додека четвртиот погодок во 78 минута беше автогол на домаќинот. Екипата на Валентин постигна два гола во 45 минута и 74-та за конечен резултат од 2:4.
В петок, на 10 мај, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Њу Ламбтон со почеток во 20 часот.

Останати вести