Национална премиер лига на северен НЈВ, 14 коло, Бродмедоу Маџик – Кукс Хил Јунајтед 5:2

Уште една висока победа за Бродмедоу Маџик кој на одиграни 13 натпревари има постигнато дури 47 гола. Гостите на почеток од средбата можеби имаа малку надеж дека ќе земат бод бидејќи први дојдоа до водство во 8 минута преку Б. Бевериџ за 0:1. Радоста за Кукс Хил траеше кратко и само две минути подоцна Б. Велс изедначи на 1:1.

Во второто полувреме беше досуден пенал за Бродмедоу Маџик, и како прецизен егзекутор Џ. Стјувардсон во 65 минута донесе водство од  2:1. Кукс Хил изедначи во 70 минута со вториот гол на Бевериџ. После тоа следеше шоу на “магичните” и се редеа головите на С. Донелан 72`, Б. Велс 75` и Р. Смит во 90 минута за 5:2.

Во сабота, на 15 јуни, Бродмедоу Маџик гостува кај Еџворт со почеток во 14:30 часот.

ТАБЕЛА

Ламбтон Џафас 37
Бродмедоу Маџик 33
Чарлстон Азури 28
Еџворт 23
Валентин 19
Њукастел Олимпик 17
Вестон Воркерс 16
Маитланд 15
Кукс Хил Јунајтед 9
Њу Ламбтон 5
Лејк Маквори 3
Адамстаун Розбадс 2

Останати вести