Минатиот петок се играше на стадионот на “магичните” каде по водството на од 1:0 во првото полувреме со голот на Џерен Бејкер не се одигра целосно натпреварот. Во второто полувреме, по дваесет минути игра имаше еден ненамерен контакт во кој беше повреден храбриот голман на гостите.
Стјуарт Плант, чуварот на мрежата на Вестон сериозно беше повреди на вратот и заврши во болница каде се уште се опоравува. После тој настан фудбалерите не беа во можност да продолжат со игра и судијата го одложи натпреварот.
Деталите ќе бидат објавени наскоро околу презакажаниот натпревар, но во меѓувреме му посакуваме на Стјуарт се најдобро во закрепнувањето.
Во недела, на 8 мај, Бродмедоу Маџик ја пречекува екипата на Валентајн со почеток во 14 часот.