Бродмедоу Меџик добро одигра на ветровитиот терен на Алдер Парк и постигна победа од 1:4 на гостински терен против Њу Ламбтон. Меџик го отвори резултатот во 10 минута со брзо играње директно преку средината, а стрелец беше Рајли Смит. Шест минути подоцна Бејли Велс зголеми на 0:2.
Њу Ламбтон намали во 21 минута преку Сем Максвел кој го совлада голманот Цезар Серпа за 1:2.
На почеток на второто полувреме Смит повторно се запиша како стрелец за 1:3. Во завршницата Кијану Мур го постигна четвртиот и последен гол на Бродмедоу од пенал во 86 минута, откако беше соборен во шеснаесетникот. Голманот на домаќинот Алекс Божиновски добро процени каде ќе оди топката но ударот беше пресилен за 1:4.
Помеѓу финалните 32 клубови што ќе се борат за Купот на Австралија се наоѓа и нашата Бродмедоу Меџик, која ќе ја пречека екипата на Сиднеј Јунајтед 58. Натпреварот е закажан на Меџик Парк во петок, на 4 август, со почеток во 19:30 часот. Бродмедоу е единствениот наш претставник во завршницата во која се вклучуваат и екипите од А–лигата.
Во сабота, на 15 јули, Бродмедоу Меџик гостува кај Лејк Маквори со почеток во 14:30 часот.
ТАБЕЛА
Чарлстаун 38
Маитланд 36
Ламбтон Џафас 34
Бродмедоу Маџик 33
Вестон Беарс 32
Еџворт 31
Хамилтон Олимпик 27
Кукс Хил Јунајтед 22
Валентин 22
Адамстаун Розбадс 14
Њу Ламбтон 9
Лејк Маквори 4

Далвич Хил славеше со импресивна победа над Сиднеј Македонија на Арлингтон Овал. Променливата игра на Сиднеј Македонија е фрустрирачка и буквално никој не може да предвиди како ќе игра тимот. Нашиот тим прв дојде до водство, но после тоа прими три гола кои доведоа до пораз.
Откако домаќинот преку Асел Дехсабзи прими автогол во 4 минута одлично се созема и направи заслужен пресврт. Далвич Хил прво израмни во 35. минута преку Сена Сато за 1:1. Со овој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме головите на Гонкало Параданта 75’ и Даниел Форнито 83 минута ја решија средбата за конечните 3:1. Сега Сиднеј Македонија е на 11 место, а Далвич Хил ја прескокна и е со ист број на бодови на подобра гол разлика.
Во сабота, на 15 јули, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Макартур Рамс со почеток во 19 часот.

Убедлива победа над екипата на Белмаби Розелас која е сигурен кандидат за испаѓање од лигата. Стрелци на головите беа: Киа Јовановски во 16и 52, Џејден Маковски 40` и Џереми Фланаган во 74 минута.
Во сабота, на 15 јули, Волонгонг Јунајтед е домаќин на Македонското дерби и ја пречекува екипата на Крингила Лајонс со почеток во 14:30 часот.

Албион Парк Вајт Иглс забележа значајна победа над Крингила Лајонс на Крехан Парк во петокот вечерта за повторно да воспостави солидна предност на врвот во Премиер лигата во Илавара.
Лиам Вил во втората минута им донесе водство на гостите, а Питер Симоноски израмни во 67 минута. На крајот решавачки беше автоголот на Џејмс Карли во 82 минута за 1:2. Сега Албион Парк има шест бода предност на врвот пред нашата Крингила Лајонс.
Следниот викенд Лавовите ќе требаа да го заштитат второто место во братското дерби со Волонгонг Јунајтед. Средбата се игра в сабота, на 15 јули, на Македонија парк со почеток во 14:30 часот.
ТАБЕЛА
Албион Парк Вајт Иглс41
Крингила Лајонс 35
Волонгонг Јунајтед 32
Волонгонг Олимпик 30
Конистон 29
Булај 26
Хеленсбург Тистл 24
Порт Кембла 23
Коримал Ранџерс 23
Саут Кост Јунајтед 13
Таравана Блус 11
Беламби Розелас 2

Сигурна победа пред домашната публика за Сиднам Парк. Мрежата започна да се тресе со голот на Борбор Сем од пенал во 11 минута. Пред крај на првото полувреме во 39 минута Џеј Харт зголеми на 2:0.
Во вториот дел повторно Харт се запиша како стрелец во 61 минута за 3:0. Почесниот гол за гостите беше постигнат пред крајот во 89 минута преку Ноглер за конечните 3:1.
Преостануваат уште шест кола до крајот на сезоната и амбицијата на Сиднам Парк Македонија за промоција е на дофат.
Во сабота, на 15 јули, Сиднам Парк гостува кај Бримбанк Сталионс со почеток во 15 часот.
ТАБЕЛА
Алтона Сити 38
Сиднам Парк Македонија 35
Вестгејт 29
Витлси Јунајтед 26
Бримбанк Сталионс 24
Упфилд 23
Стратмор 19
Витлси Ранџес 17
Јаравил 15
Банјул 15
Корајо 12
Кило Парк 10

Уште еден добар настап на “лавовите“ после кој се искачуваат на третото место со ист број на бодови како и Фалконс, но со подобра гол разлика. Во првото полувреме Зорзанело во 5 минута донесе предност за Пленти Вали Лајонс. Домаќинот успеа да изедначи во вториот дел во 51 минута, со голот на Јусиф за 1:1.
Конечниот резултат и победата го донесе Гиунта во 76 минута за 1:2.
Во сабота, на 15 јули, “леринчани“ гостуваат кај Гринваел Јунајтед со почеток во 17 часот.

Неочекуван пораз со кој може да се заклучи дека “волците“ испаѓаат од трката за промоција оваа сезона. Предноста што ја има Лавертон 12 бода и Сурф Кост 8 бода е веќе премногу голема. Стрелец на единствениот гол за гостите беше Јуре Прпиќ во 31 минута.
Во сабота, на 15 јули, Кило Волци гостуваат кај Барнесворт Јунајтед со почеток во 15 часот.
Уште еден пораз во една од најлошите сезони што може да се замисли за нашиот единствен претставник од јужната страна на Мелбурн. Спрингваел имаше водство од 13 минута со голот на То. Нобл Парк накратко успеа да изедначи во 68 преку Николоски за 1:1. Домаќинот две минути подоцна повторно го врати водството преку Рахими. Во завршницата следеа и головите на Водовака 76` и Махмуд во 90 минута за конечните 4:1.
Во сабота, на 15 јули, Нобл Парк ја пречекува екипата на Челси со почеток во 15 часот.