Национална премиер лига 1 на НЈВ, 12 коло, Сиднеј Македонија – Бонириг Вајт Иглс 1:2

Почетокот беше добар и “лавовите“ добро го контролираа средниот ред во овој период од натпреварот пред и по полувремето. Со тоа што Џонатан Гроздановски имаше неколку добри шанси на средбата. Но, за жал тие не беа искористени и казната дојде од другата страна.

Сиднеј Македонија дојде до водство во 27 минута преку акцијата што започна од Џонатан Гроздановски, тој нафрли прекрасна топка во казнениот просторот од десната страна каде го најде Анте Томиќ а овој брзопотезно од непосредна близина постигна гол за 1:0.

Бонириг Вајт Иглс направи пресврт во второто полувреме и ги однесе трите бода од дерби натпреварот на теренот на Сиднеј Македонија. Емануел Гонзалес во 54` и Арон Петерсон во 68 минута ја тресеа мрежата за конечните 1:2.

Во сабота, на 29 април, Сиднеј Македонија гостува кај Дунбар Роверс со почеток во 19 часот.

Останати вести