Национална премиер лига 1 на НЈВ, 13 коло, Данбар Роверс – Сиднеј Македонија 1:1

Минатата сабота вечер Данбар Роверс и Сиднеј Македонија ги поделија бодовите при нивниот натпревар на Фрејзер Парк. За жал ова беше уште еден натпревар каде Сиднеј Македонија мораше да се задоволи со бод откако имаше водство преку целиот натпревар. Џонатан Гроздановски ја затресе мрежата во 18 минута, и цело време се држеше таа предност до завршницата.
Данбар на две минути пред крајот успеа да изедначи. Тоа беше еден центаршут од левата страна на него наиде Рис Береловиќ и од непосредна близина ја затресе мрежата за 1:1.
Во сабота, на 6 мај, Сиднеј Македонија ја пречекува екипата на Кантербури Бенкстаун со почеток во 19 часот.

Останати вести