Сиднеј Македонија и Нордерн Тајгерс одиграа возбудлива средба на која се постинаа шест голови. Онаму каде што има победник, мора да има и губитник а тоа станува премногу познато чувство за “тигрите“ кои немаат победа во изминатите четири натпревари.
Капитенот Никола Тодороски по изведениот корнер во 36 минута со глава ја смести топката во мрежата за 0:1.
Во второто полувреме Нордерн Тајгерс израмнија преку Кол Мутон во 57 минути. Потоа следеше серија на Сиднеј Македонија и се редеа головите на Џефри Иса 63’ и Џордан Морфитис 81 минута за 1:3. “Тигрите“ во завршницата преку Лука Кмет во 89 минута повторно постигнаа гол за 2:3. А конечниот резултат во дополнителното време го постави Таеу Чанг кога постигна гол во 93 минута за 2:4.
Во сабота, на 20 мај, Сиднеј Македонија гостува кај Хилс Јунајтед со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Хилс Јунајтед 33
Сент Џорџ 30
СД Раидерс 26
Блектаун Спартанс 25
Бонбириг Вајт Иглс 24
Кантербури Банкстаун24
Интер Лајонс 24
Ридалмер Лајонс 22
Сиднеј Македонија 21
Нордерн Тајгерс 19
Хакоа Сиднеј Сити Ист 18
Дулвич Хил 17
Макартур Рамс 17
Данбар Роверс 14
Маунтис Вондерерс 10
Централ Кост Јунајтед10