Национална премиер лига 1 на НЈВ, 18 коло, Сиднеј Македонија – Блектаун Спартанс 1:3

Минатава сабота Блектаун убедливо ја совлада Сиднеј Македонија на Џенсен Парк. Тоа беше тешка ноќ за лавовите од Бенкстаун и повторно не знаеа да го зачуваат водството. На почеток на второто полувреме во 49 минута Џордан Морфитис постигна гол за 1:0 за Сиднеј Македонија, но после многу брзо ја загубија контролата на натпреварот.
Гостите силно притиснаа и се редеа головите на Роберт Еремуго 61’, Емануел Доло 79’ и Јован Благојевиќ 94 минута за конечни 1:3.
Во сабота, на 10 јуни, Сиднеј Македонија гостува кај Ридалмер Лајонс со почеток во 19 часот.

ТАБЕЛА

Хилс Јунајтед 42
СД Раидерс 35
Бонириг Вајт Иглс 33
Сент Џорџ 33
Кантербури Банкстаун30
Блектаун Спартанс 29
Интер Лајонс 28
Нордерн Тајгерс 26
Ридалмер Лајонс 25
Сиднеј Македонија 21
Хакоа Сиднеј Сити Ист21
Дулвич Хил 20
Макартур Рамс 20
Дунбар Роверс 17
Моунтис Вондерерс 14
Централ Кост Маринерс10

Останати вести