Национална премиер лига 1 на НЈВ, 6 коло, Сиднеј Македонија – Хакоа 0:0

Во саботата вечерта Сиднеј Македонија и Хакоа ги поделија бодовите во интересното реми што, за жал, заврши без голови на “Џенсен Парк“.
Двете страни останаа фрустрирани со крајниот резултат бидејќи фалеше завршница пред голот.
На средбата Даниел Бакрданикоски поради два жолти картони и автоматски црвен во 87 минута, после тоа мораше да го напушти теренот. Откако Бакрданикоски беше исклучен, Сиднеј Македонија мораше да го издржи доцниот притисок, иако нашиот клуб преку Анте Томиќ за малку не ја украде победата во завршницата, со удар кој за малку ќе донесеше гол во судиското надополнување.
Сиднеј Македонија минатава седмица официјално го назначи за нов тренер Сашо Тировски. Тој е поранешен фудбалер на клубот и вторпат се враќа како главен тренер на првиот тим.
Во сабота, на 18 март, Сиднеј Македонија гостува кај Централ Кост Јунајтед со почеток во 17 часот.

ТАБЕЛА

Сент Џорџ 13
Хилс Јунајтед 13
Блектаун Спартанс 13
Кантербури Бенкстаун10
Нордерн Тајгерс 10
СД Раидерс 10
Ридалмер Лајонс 9
Бонириг Вајт Иглс 8
Хакоа Сиднеј Сити И.8
Сиднеј Македонија 6
Интер Лајонс 6
Дулвич Хил 6
Централ Кост Јунајтед4
Маунтис Вондерерс 4
Данбар Роверс 3

Останати вести