Национална Премиер лига 1 на НЈВ, 8 коло, Сиднеј Македонија – Дулвич Хил 3:1

Добрата игра во првото полувреме и овозможи на Сиднеј Македонија да ја обезбеди својата втора победа сезонава со резултат од 3:1.
Расположени за игра браќата Мориќ ја тресеа мрежата и тоа во 15 и 28 Матју Мориќ, а пред крај на првиот дел и Марк се придружи со гол во 41 минута за 3:0.
Гостите успеаја само да го ублажат поразот преку Томас Транберг во 43 минута за конечните 3:1.
Во среда Сиднеј Македонија игра куп-натпревар против Норвест, каде гостува со почеток во 19:30 часот.
Регуларното првенство продолжува в сабота, на 1 април, а Лавовите од Бенкстаун гостуваат кај Макартур Рамс со почеток во 19 часот.

Останати вести