Национална премиер лига 2 на Викторија, 17 коло, Престон Македонија – Вестерн Јунајтед 2:2

Нерешен резултат и поделба на бодовите беше епилог на вечерниот натпревар на стадионот на “лавовите“ во Резерво. За првиот гол публиката не чекаше долго и во 5 минута, по изведување на корнер, најдобро се снајде Аисен Ишак и глава ја испрати топката во мрежата за 1:0. Следеше уште една добра акција на Престон Македонија со непрецизна завршница и потоа им се препушти иницијативата на гостите. Во 28 минута една загубена топка длабоко во одбраната на Ишак, следеше брз спринт до шеснаесетникот и брзопотезна акција во која Матју Грималди изедначи на 1:1.
Во второто полувреме и двете екипи настапија жестоко и се редеа шанси пред двата гола со извонредни интервенции на голманите. За ново водство на Престон во 82 минута се потруди Џон Робертс, по левата страна направи продор и од 10 метри шутираше прецизно за 2:1. Радоста повторно не траеше долго бидејќи во 86 минута во една мешаница пред голот на Галеа, несреќно постигна автогол Маркус Диманч за конечните 2:2.
До крај беше возбудлива средбата но резултатот остана непроменет и, што е најважно, Престон ја задржа првата позиција на табелата.
Во петок, на 16 јуни, Престон Македонија ја пречекува екипата на Манингам Јунајтед Блуз со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Престон Македонија 31
Кингстон Сити 30
Данденонг Сити 29
Вестерн Јунајтед 28
Истерн Лајонс 28
Вереби Сити 23
Манингам Јунајтед 23
Норткот Сити 23
Мелбурн Сити 22
Лангварин 22
Брансвик Сити 20
Паско Вале 20
Булин Лајонс 19
Мореланд Зебрас 17

Останати вести