Очигледен е падот на формата кај избраниците на тренерот Љупчо Ацевски, бидејки од минатите пет средби истварени се две победи, два нерешени резултати и еден пораз. Во првиот дел од играта гостите имаа повеќе шанси но без завршница.
Во второто полувреме се разбуди нападот на Престон Македонија и создаде неколку полушанси, но беа премногу јалови обидите во шеснаесетникот и двата голмани беа без работа.
Публиката беше незадоволна од прикажаното и на крајот се слушаше негодување од трибината од прикажаното на оваа средба.
Засега останува Престон на првото место но тоа може да се смени во понеделник навечер кога игра Кингстон Сити со претпоследниот Булин Лајонс.
Во петок, на 23 јуни, Престон Македонија гостува кај Мелбурн Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Престон Македонија 32
Вестерн Јунајтед 31
Кингстон Сити 30
Данденонг Сити 29
Истерн Лајонс 29
Манингам Јунајтед Блуз 27
Вереби Сити 26
Мелбурн Сити 25
Лангварин 25
Норткот Сити 23
Брансвик Сити 23
Паско Вале 20
Булин Лајонс 19
Мореланд Зебрас 18