Национална премиер лига 2 на Викторија, 19 коло, Мелбурн Сити –Престон Македонија 1:1

Како што се приближува крајот на годинашната сезона станува се понеизвесно кој ќе биде на врв на Национална премиер лига 2 на Викторија. Има дури пет екипи со реална шанса во последните два месеци од регуларната сезона што лесно може да се најдат како сезонски прваци. За жал нашата Престон Македонија како да губи здив во завршницата и веќе три недели во низа има проблем да постигне гол и завршува со нерешен резултат. Предноста што ја имаа “лавовите“ е веќе целосно стопена и тоа може да биде непотребен стрес во завршницата за управата, тренерот Љупчо Ацевски и фудбалерите на Престон Македонија.
За првиот гол и предност на Престон се чекаше до 38 минута, тоа беше извонреден гол од 40 метри далечина на Ајдон Кајра, кој на своето дебитирање се запиша како стрелец за 0:1.
Во 43 минута Џорџио Серднес беше стрелец на изедначувачкиот за Сити и 1:1.
После паузата се играше добар напаѓачки фудбал, и двете страни имаа шанси но не можеше да се постигне гол до последниот судиски свиреж што го означи крајот на средбата.
Во петок, на 30 јуни, Престон Македоија ја пречекува екипата на Лангварин со почеток во 20:30 часот.

ТАБЕЛА

Кингстон Сити 33
Престон Македонија 33
Вестерн Јунајтед 31
Данденонг Сити 29
Истерн Лајонс 29
Манингам Јунајтед 27
Вереби Сити 26
Мелбурн Сити 26
Лангварин 25
Норткот Сити 24
Брансвик Сити 23
Мореланд Зебрас 21
Булин Лајонс 20
Паско Вале 20

Останати вести