Гостите заслужено славеа победа на стадионот на “лавовите“, со по еден гол во двете полувремиња ги освоија трите бода и се зацврстија на првото место.
Кингстон првиот гол го постигна во 39 минута, по изведениот корнер со глава Џорџ Ставридис ја испрати топката во мрежата за 0:1.
Во второто полувреме во 76 минута високиот Пол Куол направи слалом низ одбраната на Престон во казнениот простор и шутираше прецизно за 0:2.
Тренерот Љупчо Ацевски по средбата не криеше дека е разочаран од покажаното од фудбалерите, потенцирајќи како нападот и одбраната не ги исполнија очекувањата.
Разочарувачки за Престон Македонија е што цела сезона беше на врвот и сега во завршницата, во последните месеци се редат слаби игри и се заборави како се победува. Остануваат уште само четири кола до крајот и навистина е тешко да се замисли дека е можно чудо во кое првите три екипи ќе нижат порази или нерешени средби за Престон да се врати на чело од четвртото место. Се разбира под услов и Престон Македонија да почне да победува, во изминатите пет кола освоени се четири бода со четири нерешени средби и сегашниот пораз.
Во петок, на 21 јули, Престон Македонија гостува кај Норткот Сити со почеток во 20:30 часот.
ТАБЕЛА
Кингстон Сити 40
Данденонг Сити 39
Вестерн Јунајтед 35
Престон Македонија 35
Истерн Лајонс 33
Манингам Јунајтед Блуз 32
Мелбурн Сити 32
Норткот Сити 30
Лангварин 29
Булин Лајонс 27
Вереби Сити 26
Мореланд Зебрас 25
Брансвик Сити 24
Паско Вале 23