Висока победа на Престон над Џилонг во македонскиот дерби-натпревар што се играше во петок навечер. Ова не само што е прв натпревар на домашниот терен во Резерво оваа сезона туку беше и свечено отворање после реновациите. Со прекрасна атмосфера исполнет стадион и видливо подобрување на квалитетот на тревата, осветлувањето, новиот изграден дел за членовите и соблекувалните наликува на оние што ги гледаме во шампионатот во Англија. Добар потег е и спуштањето на оградата што овозможува подобра прегледност на играта и интина атмосфера што е тренд на новите терени.
Од самиот почеток “лавовите“ на Престон започнаа силно и во 3 минута игра Нуха Сехавдиќ ја затресе мрежата за 1:0. Едвај поминаа четири минути а Конор Бел со жесток удар од слободниот удар над 25 метри оддалеченост ја затресе мрежата во горниот лев агол за 2:0. Тренерот Љупчо Ацевски со право во првата можна прилика го врати Бел во екипата. Тој поради рестрикциите со пандемијата немаше можност да дојде во Австралија.
Џилонг Македонија имаше неколку шанси кои останаа неискористени благодарение на добрата одбрана на голманот Теодоридис.
Во второто полувреме се играше 72 минута и по една грешка на одбраната на гостите Сехавдиќ најдобро се снајде и од непосредна близина ја затресе мрежата за 3:0. Десет минути подоцна и Англичанецот Конор Бел по втор пат се запиша како стрелец за 4:0. На пет минути пред крајот Роб Наумовски го постави конечниот резултат за високи 5:0.
Во сабота, на 9 април, Џилонг Македонија гостува кај Нанавадин Сити, а истиот ден Престон Македонија гостува кај Довтон. Почеток на натпреварите е во 15 часот.
