Национална премиер лига 3 на Викторија, 4 коло, Нанавадинг Сити – Џилонг Македонија 0:1

Минимална победа за Џилонг Македонија на гостувањето кај Нанавадинг од каде се вратија со трите бода. Во првото полувреме се играше повеќе на средината од теренот и без голови.

Но затоа во вториот дел во 77 минута нововлезениот Али Кадмеси успеа да го постигне решавачкиот гол за 0:1.

Џилонг Македонија настапи во следниов состав: МекДауел, Доиг, Батлер, Браувелер, О`Конел, Митсува, Стојановиќ, Јурковиќ, Мохамед, Илиовски и Трајкоски.

Во сабота, на 16 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Витлси Ренџерс со почеток во 18 часот.

Останати вести