Национална премиер лига 3 на Викторија, 5 коло, Џилонг Македонија – Витлси Ренџерс 1:2

Изедначено и интересно беше првото полувреме во кое за жал гостите успеаја подобро да ја искористат својата шанса. Се играше  43 минута кога Барбароглу имаше удар на голот и одбиената топка од голманот Мекдауел стигна до Били Ромас кој прецизно ја смести во мрежата за 0:1.

Во второто полувреме, само што започна играта, во 49 минута Френк Карафа успеа да ја изненади одбраната на Џилонг и зголеми на 0:2.

Следеше неповрзана игра во која брзо се губеше топката и малку акција пред шеснаесетникот. Следеше остар фаул на Али Камеси во 86 минута од кој доби црвен картон. И покрај дефицитот од два гола Џилонг остана и со играч помалку во завршницата. Сепак не се предаваа фудбалерите на Џилонг Македонија и по неколку добри шанси во 95 минута Митсуда успеа да намали на 1:2. За жал, до крајот тоа беше се и Витлси Ренџерс ги однесе трите бода од оваа средба.Џилонг Македонија: Мекдауел, Доиг, Батлер, Камеси, О`Конел, Митсуда, Стојановиќ, Крајачиќ, Мохамед, Илиовски и Трајкоски.

Во недела, на 24 април, Џилонг Македонија гостува кај Мелбурн Сити со почеток во 15 часот.

Останати вести