Национална премиер лига 3 на Викторија, 6 коло, Престон Македонија – Мелбурн Виктори 0:0

Минатиов петок на стадионот на “лавовите“ во Резерво се играше вечерен натпревар на кој имаше добра посета и пријатна атмосфера како во најдобрите денови. Престон Македонија ја пречека младата екипа на Мелбурн Виктори што е директен конкурент за челната позиција. И покрај мотивираноста на фудбалерите да се покажат пред домашната публика првото полувреме остана 0:0. И во вториот дел беше слична играта и за жал средбата заврши со неинтересен резултат, без голови а двете екипи ги поделија бодовите. Хендикеп од оваа средба на тимот е што дури пет играчи на Престон добија жолт картон: Рикардо Да Силва, Андрија Роксандиќ, Џејмс Харан, Бенџамин Ливидикос и Аисен Ишак.

Во сабота, на 30 април, Престон Македонија гостува кај екипата на Витлси Ренџерс со почеток во 15 часот.

Останати вести