Во петокот се одигра вечерен натпревар на стадинот на “лавовите“ во Резервоа, во кој се водеше жестока борба на двете водечки екипи во лигата. На крајот од средбата Престон Македонија буквално во последните моменти успеа да го изедначи резултатот и не му дозволи на Мелбурн Сити да ги земе сите бодови и да се оддалечи во борбата за челната позиција.
Гостите први дојдоа до водство во 14 минута после изведениот корнер Емин Дураковиќ најдобро се снајде и тоа беше водство за Сити од 0:1. Со овој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме Престон со сите сили се обидуваше, бодрен од публиката да изедначи но никако не можеше да се совлада последна пречка. Кога надежта замираше, во 89 минута, Нуха Сехавдиќ успеа да ја затресе мрежата за 1:1.
Поради постојаните прекини средбата се играше до 97 минута но немаше повеќе голови. Во екипата на Престон Македонија на оваа средба дури четири играчи добија жолт картон: Ливидикос, Давис, Сехавдиќ и Харан, а кај гостите само Делидис.
Во сабота, на 21 мај, Престон гостува во внатрешноста на Викторија, кај Баларат Сити со почеток во 15 часот.
