Национална премиер лига 3 на Викторија, 10 коло, Мелбурн Виктори – Џилонг Македонија 2:0

Иако добро одиграа фудбалерите на Џилонг Македонија на крај беа поразени од Виктори кој доби малку помош од судијата во неколку клучни моменти. Во првото полувреме се играше без голови.

По одморот, со започнување на вториот дел, играта доби побрзо темпо. Се играше 58 минута кога судијата покажа на белата точка од каде Бинјами Кебеде беше прецизен и ги доведе домаќините до водство од 1:0.  Едвај поминаа шест минути кога Адем Дуратовиќ успеа да ја затресе мрежата за конечните 2:0.

Со ова се прекина победничката серија на Џилонг, што ја направи со победите над Бокс Хил, Спрингваел Вајт Иглс и Довтон.

Во сабота, на 28 мај, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Вестерн Јунајтед со почеток во 18 часот.

Останати вести