Национална премиер лига 3 на Викторија, 16 коло, Витлси Ранџес – Џилонг Македонија

Нерешен резултат од гостувањето на стадионот во Епинг за нашата Џилонг Македонија и освојување на бод. На средбата беа постигнати по еден гол од двете страни во првото полувреме и тоа беше реален исход на прикажаното.

Витлси прв стигна до водство после силниот притисок на половината на Џилонг Македонија во 26 минута беше затресена мрежата за 1:0. 

Како херој за Џилонг Македонија на својот прв настап во тимот Стефан Стојчевски го постигна голот во 33 минута со кој се изедначи резултатот на 1:1.

Во сабота, на 9 јули, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Мелбурн Сити со почеток во 18 часот.

Останати вести