Национална премиер лига 3 на Викторија, 20 коло, Мелбурн Сити – Престон Македонија 0:1

Средба со која се решаваше кој ќе биде прв на табелата и во која “лавовите“ уште еднаш докажаа дека заслужуваат промоција следната година. Во студеното време се играше цврст и физички исрпувачки меч помеѓу најдобрите две екипи во Лигата и имаше многу возбудливи моменти пред голот.

Подмладокот на Мелбурн Сити беше подобрата страна на почетокот но немаше среќа да постигне гол создавајќи две убави шанси. После тоа полека Престон ја преземаше иницијатива и создаваше шанси. Како истекуваше времето така тензиите се зголемуваа и тука дојде до израз искуството на фудбалерите на Престон Македонија.

Капитенот на Престон Македонија, Џејмс Харан, во завршницата го зададе убиствениот удар во 82-та минута, по слободниот удар тој со глава од непосредна близина ја смести нафрлената топка во мрежата за 0:1.

Во завршницата Мелбурн Сити очајнички се обидуваше за израмнување. Во судиското продолжение, во 95. минута, нововлезениот Наум Секуловски после само три минути игра доби црвен картон со што тимот во последните моменти остана со играч помалку.

За среќа беше предоцна за Сити да ја искористи својата бројна предност и резултатот остана непроменет.

Во сабота, на 13 август, Престон Македонија ја пречекува екипата на Баларат Сити со почеток во18 часот.

Останати вести