Национална премиер лига 3 на Викторија, 4 коло, Бокс Хил Јунајтед – Џилонг Македонија 4:1

Неочекувано висок пораз од екипа која досега беше на дното без ниеден освоен бод. Уште во првото полувреме се гледаше дека лошо ќе помине Џилонг Македонија кога се замина на одмор со 2:0 за домаќинот.
Во второто полувреме Даниел Куцински во 86 минута намали на 2:1. Но тоа беше само лажна надеж бидејки до крај Бокс Хил успеа да ја затресе мрежата уште двапати за конечните 4:1.
Овој пораз можеби беше поради исцрпеност на фудбалерите од настапот за купот на Австралија минатиот вторник. На него Џилонг Македонија убедливо ја совлада екипата на Брансвик Јувентус која игра една лига повисоко со 3:0.
Во сабота, на 15 април, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Каролајн Спрингс Џорџ Крос со почеток во 18 часот.

Останати вести