Национална премиер лига 3 на Викторија, 7 коло, Џилонг Македонија – Нанавадин Сити 0:2

Минатава сабота не беше добра ноќ за Џилонг Македонија, пред домашната публика доживеа пораз од силната екипа на Нанавадин Сити. Гостите славеа сигурна победа со два постигнати гола, по еден во двете полувремиња.
Подмладокот на Џилонг имаше подобар резултат и славеше победа со 2:1.
Џилонг Македонија сега е на седмото место со десет освоени поени од седум одиграни натпревари. Во сабота, на 6 мај, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Борундара Кери Иглс со почеток во 18 часот.

Останати вести