Желни за победа беа играчите на Џилонг на гостувањето кај Бомарис кој оваа сезона беше промовиран во лигата. Доколку беше остварена победа Џилонг ќе влезеше помеѓу првите шест екипи на табелата, но таа шанса засега замина.
Почетокот беше фуриозен и во 7 минута Џои Спитери ја затресе мрежата за водство од 0:1.
Радоста не траеше долго бидејќи следеа два гола на домаќинот во 21 и 44 минута со што Бомарис замина на одмор со предност од 2:1.
Во вториот дел се играше неповрзано и немаше завршница пред голот со што остана резултатот непроменет.
Во сабота, на 3 јуни, Џилонг Македонија гостува кај Дaвтон со почеток во 15 часот.