Домаќинот го реши натпреврот после десетина минути игра и заслужено ги однесе трите бода. Во 4 минута Дилан Томас го отвори резултатот за 1:0. Не се чекаше долго и за вториот гол кој во 11 минута го постигна Рос Фрам за 2:0. Со овој резултат се замина на одмор.
Во второто полувреме Џилонг Македонија успеа во 70 минута да постигне гол за конечните 2:1. За жал до крајот фалеше завршницата и е забележан пораз во гости.
Во сабота, на 10 јуни, Џилонг Македонија ја пречекува екипата на Баларат Сити со почеток во 18 часот.