Најбизарен трансфер во преодниот рок: Милан купи 30-годишен анонимус од Серија Б

Фудбалскиот клуб Милан во самиот финиш од преодниот рок го доведе Жуниор Месиас од италијанскиот второлигаш Кротоне.

Сите се изненадени од одлуката „росонерите“ да доведат играч кој не е ни така познат во Италија, а не па некое светско име кое вистински би го засилил ростерот на Стефано Пиоли.

Месијас игра на позицијата напаѓач, а лани за Кротоне во Серија А постигна девет голови на 36 натпревари. Интересно тоа му е единствената сезона во кариерата во италијанската елита, бидејќи оваа сезона Кротоне игра во Серија Б.

Претходните две сезони играше во Серија Ц (трета лига), каде настапуваше за Гозано и Чиери Калчо.

Милан во нападот веќе ги има Златан Ибрахимовиќ, Оливие Жиру, Анте Ребиќ и Рафаел Леао, а летово се засили и со Пјетро Пелегри, кој дојде на позајмица од Монако.

Ако треба да се прогласи најчудниот трансфер овој преоден рок, тогаш сигурно е доаѓањето на Месијас во Милан.

Останати вести