Овој начин на наплата на сообраќајни казни го прави секоја земја: Грција, Бугарија, Унгарија, Хрватска… Проблемот се појави зашто тоа беа првите денови од воведувањето на овој систем на македонските гранични премини. По неколку дена ситуацијата почна да се враќа во нормала: едно зашто проработе мобилна апликација на МВР, второ возачите олабавија со гасот а трето дел од Србите од Грција почнаа да се враќаат преку Бугарија
Километарски колони и чекање до пет часа на излез од Македонија доживуваа минатата седмица српските туристи на преминот Табановце. Овојпат причината за сообраќајниот метеж не беше вообичаената летна смена на туристите, туку воведувањето ригорозната примена на модерниот систем за паметни камери „Безбеден град“ од страна на македонското МВР. Се започна со долго најавуваното санкционирање на возачите со странски регистарски таблички кои биле снимени при сообраќаен прекршок од страна на поставените камери на „Сејф сити“.
Ваквиот начин на наплата на сообраајни казни има на излез од Грција, Србија, Хрватска, Бугарија… а македонската полиција почна да ги инкасира казните од 19 август. Неочекувано награбусија претежно луѓе кои се враќаат од одмор во Грција, а кои поминувајќи низ Македонија направиле сообраќаен прекршок, па на излез требаше да ја платат казната. А казни се наплаќаа за сторени прекршоци уште од февруари. Системот за автоматско препознавање на регистарски таблички (ANPR) сега е целосно интегриран со граничните премини, што предизвика вистински колапс на шалтерите. Во моментот кога странско возило ќе пристигнете на граничниот премин за да ја напушти земјата, на екранот на граничната полиција се појавува црвена нотификација. На возачот му се кажува да паркира на страна, му се врачува извештај и се упатува да ја плати казната во најблиската банка или пошта. На табановце има експозитура на банка и деновиве таму се создаде огромна гужва. Додека возачите се обидуват да платата, нивните возила се на граничиот премин и ги блокираат останатите кои не направиле никаков прекршок.
Овој синџир ја забави работата на целата гранична полиција и создаде дополнителни застои од неколку (до пет) часа за сите други совесни возачи.
За возачите кои ја пречекоруваат дозволената брзина на автопат низ Македонија се пропишани следниве казни во денарска противвредност:
– до 30 км/ч: 20 евра
– од 30 до 50 км/ч: 50 евра
– од 50 до 70 км/ч: 300 евра, со забрана за возење од 3 до 12 месеци.
Доколку казната се плати во рок од 8 дена сумата се преполовува.
„Догодина на автопатов ќе ви порасне трева!“
На социјалните мрежи имаше многу критики од страна на српските возачи за новиот систем „Безбеден град“.
„Нервозата кај возачите е на работ на инцидент“ – се наведува во објавата на Инстаграм профилот „putdogricke_triptogreece“.
„Чекаме со часови со деца во автомобилите. Кој направил прекршок нека си чека и нека си плати, зошто ние да чекаме со нив кои немаме направено ништо“, стоеше во друг коментар.
„Срамота е ова да се случува за 30 евра“, пишува трет коментар.
„Прво срам да им е на тие што возат брзо. И нека им наплатат казна. Но, ние и нашите деца, кои не го правиме тоа, не сме должни да го трпиме аматеризмот на македонските цариници. Нека наплаќаат двојни казни на секој што ќе направи прекршок. Но, пред тоа, нека го направат системот да профункционира. А не да малтретираат илјадници невини луѓе“, вели четврти коментар.
Но, има и такви, на кои системот им пречи.
„Сакат браќата Македонци да земаат милостина за поминати 5 км/ч над ограничувањето, а до година има трева да им никнува низ асфалтот, само овци ќе можат да видат и да свират на кожна флејта таму, за подобро и не се“, се вели во еден коментар.
„Нека, благодарам! Од сега па натаму само преку Бугарија. За жал, и Охрид ќе страда, но вие самите го побаравте тоа. Ова е малтретирање на луѓето и полнење на буџетот на лесен начин, бидејќи ниту нашите политичари ниту вашите не можат да го направат тоа поинаку. Само, најголемата штета е што народот страда“, се вели во друг коментар.
„Казната може да се плати само по електронски пат. Проблемот не е во самата казна, туку во постапката – плаќате пари без да ви биде приложен каков било доказ за направениот прекршок“, изјавил некој турист за „никана.гр“.

01 Sep 2026