Незаборавна дружба во Волонгонг

Прослава на македонскиот идентитет, култура и заедништво – доказ дека македонската песна се слуша, македонското оро се игра, а македонскиот дух живее далеку од татковината.

======

Во саботата, на 26 септември, Големата сала на Универзитетот во Волонгонг беше исполнета со младост, песна, игра, традиција и весела атмосфера. Повеќе од 500 гости беа дел од игранката на МКУД Македонски Бисер од Волонгонг, која долго ќе се памети во македонската заедница.

Вечерта учество зедоа уште четири македонски културно-уметнички друштва: МКУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, МКУД „Разиграна Македонка“ од Квинбијан, МКУД „Македонка“ од Сиднеј и МКУД „Илинден“ од Западен Сиднеј. Нивните настапи ја збогатија вечерта и уште еднаш покажаа дека нашата песна и игра живеат со полна сила и на австралискиот континент.

За играорците беше особена чест да застанат на големата сцена и пред бројната публика да ја претстават убавината на македонскиот фолклор. Преку традиционалните носии, чекорите на ората и звуците на македонската музика, тие ја пренесоа приказната за нашето културно наследство и љубовта кон татковината.

Ваквите средби имаат посебно значење за македонската заедница во Австралија, токму преку ваквите настани се поврзуваме и го зачувуваме она што нè прави Македонци. Песната, орото, носијата и заедничкото дружење се мост што ги поврзува генерациите и овозможува традицијата на нашите предци да продолжи да живее и кај младите.

За играорците од МКУД „Јане Сандански“ од Мелбурн, гостувањето во Волонгонг ќе остане во убаво сеќавање како турнеја исполнета со радост, дружење, единство и гордост.

Посетата на Волонгонг беше збогатена и со посебен момент. Членовите на МКУД „Јане Сандански“ го посетија прекрасниот манастир „Света Петка“ во Кембла Грејнџ, каде што развија едно оро. После тоа со заедничка фотографија го овековечија овој убав момент – спој на верата, традицијата, пријателството и љубовта кон македонското наследство.

” src=”cid:490A6F64-DF59-4036-98D8-D33D29A928CB” alt=”Групна слика.jpeg” class=”Apple-web-attachment Apple-edge-to-edge-visual-media Singleton” style=”opacity: 1;”>

” src=”cid:3B775CD6-0395-4B2D-846F-FDC293B8DD66″ alt=”May be an image of dirndl.jpeg” data-visualcompletion=”media-vc-image” class=”x15mokao x1ga7v0g x16uus16 xbiv7yw x1bwycvy x193iq5w x4fas0m x19kjcj4 Apple-web-attachment Apple-edge-to-edge-visual-media Singleton” referrerpolicy=”origin-when-cross-origin” style=”opacity: 1;”>

” src=”cid:6CC13E4A-2884-4D88-B3DC-EA819052E549″ alt=”825324025_18489371632128674_4495073243245720035_n.jpeg” class=”Apple-web-attachment Apple-edge-to-edge-visual-media Singleton” style=”opacity: 1;”>

” src=”cid:BD40DC99-6614-47AC-9BB3-0F28DC078677″ alt=”829518099_18489371641128674_4156716367537242505_n.jpeg” class=”Apple-web-attachment Apple-edge-to-edge-visual-media Singleton” style=”opacity: 1;”>

АВСТРАЛИСКО-НОВОЗЕЛАНДСКИОТ МИТРОПОЛИТ НИКОЛА ПРЕДУПРЕДУВА: Непознавањето на македонскиот јазик е сè поголемо, се наложува употребата на англискиот јазик во богослужбите

” src=”cid:D6B66EBB-9217-474C-9EE5-8CD0EF1AC79C” alt=”mpcz-vo-avstralija2-1536×1152.jpeg” class=”Apple-web-attachment Apple-edge-to-edge-visual-media Singleton” style=”opacity: 1;”>

Во македонските црковни општини во Австралија, за време на богослужбите и во парохискиот живот, наместо македонскиот, сè повеќе се наложува да се користи англискиот јазик. Ова го изјави надлежниот митрополит на Австралиско-новозеландската епархија на МПЦ-ОА, Никола, кој од март, годинава ја врши функцијата на надлежен владика. Во интервјуто за црковно-информативниот портал „Литургија.мк“, тој предупредува дека непознавањето на македонскиот јазик меѓу македонските верници на петтиот континент е сè поголемо. Одговарајќи на прашањето дали е потребно една епархија на Македонската црква во дијаспората да има мисионерска дејност помеѓу луѓето кои не се Македонци и не се православни, тој рече дека постои потреба за користење на англискиот јазик.

– Тоа прашање, во текот на минатиот век, се поставило во круговите на сите епархии на помесните цркви во дијаспората, особено во големите руски и грчки заедници во европските земји и Америка. Како и кај нив, и кај нас првите црковни заедници се создадени за потребите на македонската дијаспора, и затоа тие биле најпрвин јазично и културолошки „затворени“ заедници. Но, Црквата живее вистински кога не робува на етнички граници. Нашата национална историја и култура се македонски, нашето предание е православно, но Евангелието е универзално. Со текот на времето, заради тоа приоѓање на други нехристијански и инославни луѓе кон тие црковни заедници, тие се отворале за примање на конвертитите или неокатехумените во нивното духовно семејство. Денес е време тоа да се случува на поорганизиран и подобро устроен начин. Во таа смисла, во Австралија, не само поради доаѓањето на верниците од други нации туку и поради сѐ поголемото непознавање на македонскиот јазик помеѓу младите Македонци, се наложува употребата на англискиот јазик во богослужбениот и во парохискиот живот – нагласува владиката Никола.

Во ова Епархија има 14 македонски православни цркви и три манастири, а во дел од нив, англискиот јазик и досега бил во употреба напоредно со македонскиот. Но, очигледно, потребата за користењето на англискиот јазик станува сè поголема. Причината е, како и што наведува митрополитот, во фактот што новите генерации на нашите иселеници сè помалку го владеат македонскиот јазик. Австралија, во која, според последниот попис во 2021 година како Македонци се изјасниле 111.352 лица, а од кои 66.173 навеле дека го зборуваат македонскиот јазик, е дом на повеќе генерации на македонските иселеници.

Дел од црквите во оваа епархија практикуваат воведување на англиски јазик во делови од литургиите и псалмите за помладите верници, а издаден е Православен молитвеник на англиски јазик за полесно следење на богослужбите. И во Американско-канадската епархија на МПЦ-ОА, поради мешаните бракови и генерациите родени таму, во некои парохии често се комбинираат македонскиот и англискиот јазик во текот на Светата литургија. Во Европската епархија на МПЦ-ОА, литургиите примарно се изведуваат на македонски јазик, но во одредени случаи се практикува и употреба на други јазици. Главната мисија на трите епархии на МПЦ-ОА во дијаспората е зачувување на македонскиот идентитет, јазик и на традиционална православна христијанска вера но, очигледно, практиката на терен наложува одредена јазична флексибилност.

Потребна е поголема доверба

На прашањата за состојбата на нашата Црква во Австралија, во која, инаку, дејствуваат две епархии, а во минатото се случувале поделеност и конфликти, владиката Никола одговори дека е неопходно градење на довербата.

– Се согласувам со сите кои сметаат дека за добриот правец и иднината на МПЦ-ОА во Австралија и Нов Зеланд е неопходен растот и градењето на поголема меѓусебна доверба, помеѓу црковните општини, Епархијата и Синодот на МПЦ‒ОА, возглавен од Неговото блаженство архиепископот г. г. Стефан. Свесен сум дека довербата не се случува преку ноќ, туку се стекнува низ процесот на запознавање и низ заемното проникнување, па затоа таа нема да се случи единствено со административната одлука за моето поставување за надлежен архијереј, туку треба да биде плод на лично и конкретно сведоштво, како и на соборната свест на секој чинител во Црквата – нагласува владиката Никола.

Останати вести