Скандалот со депортацијата на Новак Ѓоковиќ од Австралија зашто не е вакциниран, а со тоа и забрана за настап на генслем-турнирот во Мелбурн, придонесе и во останатите спортови да се прецизираа правилата поврзани со коронавирусот, пред се во делот кој смее, а кој не смее да игра.
Поради тоа челниците на УЕФА деновиве до сите клубови испратиле инструкции дека во нивните натпреварувања во продолжение ќе смеат да настапат само фудбалери кои се вакцинирани со најмалку две дози. Се очекува дека само уште во претстојните бараж-дуели од Лига Европа и од Конференциската лига да биде дозволено настап со ПЦР-тестови или со посебни лекарски дозволи. Потоа во Лигата на шампионите и во овие две натпреварувања ќе може да играат само вакцинирани играчи.
– Добивме насока од УЕФА дека ПЦР тестовите и медицинските белешки ќе важат само уште за двата бараж-меча од втората фаза и потоа фудбалерите кои нема да бидат вакцинирани, нема да може да играат во нивните натпреварувања, откри генералниот директор на Партизан, Милош Вазура.