Никола Јокиќ го прифати најбогатиот договор
во историјата на НБА!

Српскиот центар, Никола Јокиќ, прифати нов договор со екипата на Денвер Нагетс. Иако фановите на клубот од Колорадо се плашеа дека ѕвездата ќе замине, до тоа нема да дојде.

Бидејќи е “ол стар“ играч и добитник на МВП наградите, тој ги исполни критериумите за супермакс договор кој му носи 264 милиони американски долари за пет години во франшизата од Колорадо, што е рекорд во најсилната кошаркарска лига на светот.

Јокиќ сезонава имаше просек од 27,1 поен и 13,8 скока по натпревар. Две сезони тој е најдобриот играч во НБА лигата а Денвер мора да размисли како да го засили тимот за да почне да се бори за успеси.

Останати вести