Новата британска прајминистерка се сретна со Албанезе и Ардерн

Британската прајминистерка Лиз Трус имаше средба со своите колеги од Австралија и Нов Зеланд во резиденцијата во Кент.

Таа разговараше со австралискиот прајминистер Ентони Албанезе и лидерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, како дел од состанокот пред погребот на британската кралица Елизабета Втора во понеделникот. Трус, која беше назначена за премиер од кралицата Елизабета на 6 септември, само три дена пред нејзината смрт, нема да се сретне со американскиот претседател Џозеф Бајден во недела.

Наместо тоа, тие ќе одржат билатерален состанок на Генералното собрание на Обединетите нации во среда, соопшти Даунинг стрит.

Останати вести