Нова провокација од Касами: „По Косово, да ја направиме и Македонија албанска држава. Pse jo?“

Прашање: Дали дури тогаш Албанците во Македонија ќе почнат да плаќаат струја, вода, ДДВ, данок на имот…?

Првиот човек на Движењето БЕСА и тетовски градоначалник, Биљал Касами, честитајќи го празникот 28 ноември – Денот на знамето на Албанија од Тетово повика на единство меѓу Албанците, како што рече: „Косово да стане втора албанска држава, а по Косово, зошто да не и Македонија“, објави весникот Лајм.

– Почитувани пратеници, градоначалници и вие почитувани активисти. Честитки за празникот 28 ноември. Нема како да биде поинаку, освен што како што беше пред 111 години во нашата сакана Валона, денес овде во Тетово нека се обединат Косово и Македонија, да го направат Косово втора албанска држава и после Косово, зошто да не, и Македонија. Се чувствувам многу горд и среќен што денеска на 28 ноември, најголемиот историски ден во историјата на албанскиот народ, ја потпишуваме албанската коалиција, која ќе ги донесе неопходните промени за членство на Република Македонија во ЕУ, изјави претседателот на Движењето БЕСА, Биљал Касами.

Овие коментари Касами ги даде на настанот организиран во Тетово, каде Европската лига за промени, на која припаѓаат БЕСА, Алтернатива и Демократско движење, официјално ја потпишаа декларацијата за соработка под името „Европска лига за промени“.

Останати вести