Инглвуд Јунајтед го резервира своето место во финалето што ќе се игра в сабота на “Франк Драго Ризерв“, со победата во последните моменти од 3:2 над нашата Стирлинг Македонија.
Инглвуд се стекна со предност од 2:0 по 24 минути игра, благодарение на головите на Мајкл Домфех и Хари Еванс од пенал. Стирлинг Македонија потоа го засили темпото и постигна по еден гол во двете полувремиња за да го израмни резултатот на 2:2. Кога изгледаше дека средбата ќе заврши со нерешен резултат и ќе се оди на изведување пенали се случи изненадување. Длабоко во судиското продолжение Дилан Вајт го постигна конечниот резултат за 3:2.
Во другиот полуфинален натпревар Олимпик Кингсвеј беше пресилен за Армадејл и го совлада со 3:0.
Сега Инглвуд Јунајтед ќе се соочи со Олимпик Кингсвеј во финалето на Ноќната серија на НПЛ за мажи на стадионот Инглвуд.