Екипата на Рокдејл Илинден ФК прикажа одлична игра и со сигурен настап стигна до заслужена победа, оставајќи силен впечаток кај своите навивачи. Тимот беше далеку порешителен, попрецизен и поконцентриран на теренот, што резултираше со вечер за паметење и јасна потврда за доминацијата на „комитите“.
Головите за Рокдаел Илинден ги постигнаа: Наџар Моди во 30. и 52. минута, Бреднан Чолакијан во 66. минута и Оливер Вигин во 70. минута. Единствениот погодок за гостите го постигна Марко Арамбасиќ во 32. минута, кога накратко резултатот беше израмнет.
Во следното коло, Рокдејл Илинден ФК ќе биде домаќин на тимот на АПИА Леикард ФК. Натпреварот ќе се одигра во сабота, на 14 март, со почеток во 19 часот.
ТАБЕЛА
Сиднеј Јунајтед 15
Сент Џорџ Саинтс 13
Рокдаел Илинден 12
Маркони Сталионс 10
АПИА Леикард 10
Сиднеј 10
НЈВ Спирит 9
В:С. Вонддерерс 6
Манли Јунајтед 5
Сент Џорџ Сити 5
Блектаун Сити 4
Сиднеј Олимпик 4
Волонгонг Вулвс 4
Сатерлан Шаркс 3
УНЈВ 2
СД Раидерс 1