Опасни по живот: Задолжително одете на доктор ако ги имате овие симптоми

Докторка по општа пракса предупредува како трапавоста и болки во вилицата можат да бидат првите симптоми на сериозни здравствени проблеми како рак или срцев удар. Michela Sorensen гостуваше на Националната телевизија во утринското шоу и објасни како чести и наизглед неважни симптоми можат да бидат причина за итна посета на доктор.

Тие симптоми, потенцира докторката, се црвени знамиња кои се кријат на очигледни места. Таа вели, на пример, постојана жед е прв симптом на дијабетис, а тапа болка во лицето може да биде симптом на срцев удар, додека сува кашлица, може да е симптом на астма.

Ги предупреди жени особено да бидат внимателни при промени во варењето на храната, како што се надуеност, или запек затоа што станува збор за симптоми кои можат да се поврзат со рак на јајници кој е тешко да се дијагностицира.

„Ако забележите промени во телото и не сте сигурни дали тие се појавиле само затоа што сте уморни или исцрпени, не ги игнорирајте. Никој не го познава вашето тело подобро од вас“ – вели д-р Sorensen.

1, Болки во вилицата

Иако срцевиот удар обично може да го најави чувството на стегање во градите, д-р Sorensen вели дека кај поединци, особено оние кои боледуваат од дијабетис, тоа искуство е поврзано со болки во вилицата.

-„Чувството е тапа болка која се шири долж лицето кон раката. Важно е да не го игнорирате“ – објаснува таа.

2. Промена во варењето на храната

„Промена во текстурата, зачестеност и бојата на столицата кои траат повеќе од неколку денови се причина за посета на доктор за да се отстрани сомнежот за рак на цревата“ – вели д-р Sorensen.

Доколку имате запек или патите од надуеност, исто така одете на доктор, дури и ако неодамна сте биле на преглед.

3. Несмасност

„Несмасноста може да биде показател на мозочен удар или други болести на мозокот – предупредува докторката додавајќи како посебно треба да се посвети внимание ако работите честопати ви паѓаат од раце, губите контрола над нозете и се борите да одите по рамна линија. Ако таквите тегоби потраат, постои причина за загриженост.

4. Нагло губење на тежина

Иако губењето килограми низ исхрана и активност е причина за славење, д-р Sorensen предупредува дека неочекуваното губење на тежина е знак дека телото се бори со инфекција или некоја опасна болест.

„Ако во рок од четири до осум недели нагло загубите повеќе од пет отсто од тежината без да сте го промениле животниот стил, задолжително отидете на доктор за да ја исклучите можноста за автоимуни болести или карцином“ – советува Sorensen.

5. Ноќна кашлица

„Блага, но упорна кашлица која се јавува во доцните ноќни часови, е малку познат симптом на астмата“ – вели д-р Sorensen.

Кашлицата е обично сува, а секако поради тоа треба да одите на доктор за да се отстрани можната штета која ја предизвикува на белите дробови.

6. Губење здив

Ако брзо останувате без здив, тоа може да биде знак дека не сте во форма, но исто така може да укажува на анемија. Станува збор за состојба предизвикана поради намалени крвни зрнца кои го пренесуваат кислородот низ телото.

„Ако ги немате доволно, чувството е слично како да се цело време на големи висини“ – објаснува Sorensen.

Најчеста причина за појава на анемија е недостаток на витаминот Б12 и железо, а станува збор за состојба која често се јавува кај жените во репродуктивниот период поради менструацијата.

Останати вести